Мнозинството граѓани во Украина се изјаснуваат како православни, а не како католици. Украина е претежно православна христијанска нација, каде 8 од 10 возрасни граѓани (78 проценти) се изјаснуваат како православни, покажува истражувањето од Пју Рисрч Центарот од 2015 година. На 25 мај 2023 година, Православната црква на Украина објави дека се менува календарот и Божиќ ќе се слави на 25 декември, како своевиден начин да се дистанцира од Русија. Но, менувањето на календарот, кое, патем, е доброволно (оставена е опцијата парохиите доколку сакаат да продолжат по стариот календар), не ги прави мнозинството цркви католички, ниту пак, на ваков начин се „католизира“ Украина, како што невистинито се тврди во постот
Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:
Зошто ги покатоличија Украинците за да се тепаат брат против брат. Истите играчи што глумат пријатели и дишогрижници на Македонија.
Наспроти изнесеното во постот, Украина е претежно православна христијанска нација, каде 8 од 10 возрасни граѓани (78 проценти) се изјаснуваат како православни, покажа истражувањето од Пју Рисрч Центарот од 2015 година. Со отприлика 35 милиони православни христијани, Украина е третата најголема православна држава во светот, после Русија и Етиопија. Освен тоа, православното христијанство е тесно поврзано со украинскиот национален и политички живот. Околу половината од сите Украинци (51 процент) велат дека е барем на некаков начин важно некој да биде православен, за да биде вистински Украинец.
Во Украина луѓето велат дека религиозните лидери имаат барем некакво влијание во работите од политиката, иако 61 процент од Украинците би преферирале тоа да не е така. Поделбата меѓу православните цркви во Русија и во Украина е резултат на историја, на политички тензии меѓу руската геополитичка амбиција за регионот и украинскиот отпор кон истата.
Украинската католичка црква е важен културен и интелектуален ресурс на украинскиот идентитет. Повеќето Украинци се сметаат за православни, а не за католици. Но, со 4.5 до 6.5 милиони членови, Украинската грчко-католичка црква е третата најголема црква во Украина, која претставува околу 10 до 15 проценти од популацијата на Украина. Украинската грчко-католичка црква го препознава авторитетот на папата како легитимен лидер на сите христијани.
Католичката црква во Украина и православната црква во Украина се различни христијански цркви, а наспроти изнесеното во постот што го рецензираме, мнозинството граѓани во Украина се изјаснуваат како православни, а не како католици. Католиците во Украина главно се сконцентрирани во Лвив,
На 25 мај 2023 година, Православната црква на Украина објави дека решила да го ревидира календарот и да го слави Божиќ на 25 декември како начин да се дистанцира од Русија. Украинските христијани, од кои мнозинството се православни традиционално го славеа Божиќ на 7 јануари, заедно со другите православни држави како Русија, која изврши воена инвазија врз Украина на 24 февруари 2022 година.
Ова прашање се покрена со новиот моментум, како резултат на руската агресија. Денеска Јулијанскиот календар се смета како поврзан со културата на руската црква, наведе Православната црква на Украина во своето соопштение во кое ја објави промената од јулијанскиот календар.
Православната црква на Украина објави дека ќе користи ревидиран јулијански календар од 1 септември, кога е почетокот на литургиската година. Исто така, наведе дека парохиите ќе имаат опција избор да слават според стариот јулијански календар.
Земајќи ги предвид бројните барања од парохиите, манастирите, свештенството и верниот народ во врска со можноста да се следи календарот следен од мнозинството на локалните православни цркви, епикскопскиот совет на Православната црква на Украина ги благословува парохиите и манастирите на православната црква на Украина да го користат новиот јулијански календар во литургискиот живот, се наведува во соопштението.
Меѓутоа, менувањето на календарот, кое е доброволно – оставена е опцијата парохиите доколку сакаат да продолжат по стариот календар, не ги прави мнозинството цркви католички, ниту пак, на ваков начин се „католизира“ Украина, како што невистинито се тврди во постот. Црквите кои го менуват календарот остануваат православни. Не е точно ниту дека надворешен фактор ги „покатоличил Украинците за да се тепаат брат против брат“, во смисла на тоа дека некој однадвор им наложил на православните цркви да го сменат црковниот календар. Тоа е автономна одлука на самите православни цркви. А, дополнително одлуката не е мандаторна, туку се остава простор секоја парохија сама да си одлучи за тоа кој календар ќе го следи. Отстапувањето од календарот е поради тоа што се сака да се направи дистанца од Русија поради воената инвазија на Украина.
Поради сите горенаведени факти, постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит.