НАТО е жесток противник на тероризмот

Published on:

Од почетокот на воената инвазија на Русија врз Украина, во повеќе наврати пропагандата на Кремљ се обидува да ги изврти тезите, односно да наметне низа оправдувања за своите напади. Во оваа објава оправдувањето е дека причината била ставање крај на сите војни, што е сосема нелогично. Освен тоа НАТО е одбранбена алијанса која во сржта на своите цели има спротиставување на тероризмот

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал на кој се наоѓа девојка која носи балони со боите на знамето на Русија и пишува:

Свет без НАТО е свет без тероризам! Русија води војна за да стави крај на сите војни!

Наспроти изнесеното, НАТО е организација која што се бори против тероризмот, кој што е директна закана за безбедноста на граѓаните на сите НАТО членки и на меѓународната стабилност и просперитет.

Глобален проблем кој не познава граници, националност или религија, тероризмот е предизвик против кој меѓународната заедница мора да се бори заеднички. НАТО ќе продолжи да се бори против оваа закана со одлучност и со целосна солидарност. Работата на НАТО во борбата против тероризмот се фокусира на подобрување на свесноста за заканата, развивање на можности за подготовка и одговор и подобрување на соработката со партнерските држави и други интернационални актeристои на сајтот на НАТО.

НАТО ја активираше својата одбранбена клаузула (член 5) како одговор на терористичкиот напад на 11 септември 2001 година во САД. Политиките на НАТО за борба против тероризмот се фокусира на свесност, можности и вклученост. Анти терористичката работа на НАТО се фокусира на одбрана, превенција на кризи и колективна безбендност.

Во седиштето на НАТО има формирано разузнавачка единица за борба против тероризмот. Специјалниот координатор против тероризам на Генералниот секретар на НАТО служи како главна координативна точка на работата на НАТО за борба против тероризмот и е гарант дека одговорот на НАТО против тероризмот останува силен, ефективен и кохерентен.

НАТО, исто така, ги советува и им помага на безбедносните сили на Ирак и е член на глобалната коалиција за да се победи ИСИС. НАТО ја поддржува изградбата и развојот на нови можности и технологии за справување против терористичките закани и да се менаџираат последиците од терористичките напади. Исто така, соработува со партнерите и интернационалните организации против тероризмот.

Стратешкиот концепт на Алијансата го препознава тероризмот во сите негови форми и манифестации како најдиректната асиметрична закана за безбедноста на граѓаните на земјите членки на НАТО и за меѓународниот мир и просперитет, објаснуваат од НАТО.

Оттаму, НАТО не е терористичка организација, ниту, пак, непостоењето на НАТО би создало „свет без тероризам“, како што тоа невистинито се наведува во објавата што ја рецензираме. Напротив, а доказ за тоа е и членството на Северна Македонија во НАТО

Парламентарното собрание на НАТО во 2023 година ја повтори заложбата за продолжување со борбата за одбрана на светскиот демократски поредок и осуда на тероризмот во сите негови форми, како и претходно.

 

Пропагандата за наводен крај на сите војни

Вториот дел од објавата, во кој се наведува дека Русија води војна за да стави крај на сите војни е пропаганден наратив за оправдување на неиспровоцирана воена инвазија врз суверената држава Украина.

Наративот дека НАТО поттикнува војна и има цел да се бори против Русија е дел од руската пропаганда, која има за цел да ја претстави Украина како вазал на западните држави. Русија е таа што изврши неиспровоцирана воена инвазија врз Украина која има сосема легитимно право да се брани и да ги користи расположливите средства на помош од своите пријатели. Доколку не го прави тоа, тогаш таа би се соочила со уште поголеми територијални претензии од страна на Русија.

НАТО е одбранбена алијанса со главна цел да ги заштити своите членови и официјалните политики на НАТО се дека не бара конфронтација и не е закана за Руската Федерација. НАТО немаше инвазија врз Грузија, не спроведе инвазија врз Украина, туку тоа го направи Русија. НАТО константно се обраќа до Русија последните 30 години. 

Заедно работевме на проблеми како спротивставување на трговија со дрога и против тероризмот, па сè до спасувачки мисии за подморници, дури и во периоди кога НАТО се прошируваше. Но, во 2014 година, како одговор на руската агресивна акција против Украина, НАТО ја суспендираше практичната кооперација со Русија. Не бараме конфронтација, но не можеме да го игнорираме тоа што Русија ги крши меѓународните правила, поткопувајќи ја нашата стабилност и безбедност, пишува на страницата на НАТО.

На страницата на НАТO, дебанкирани се неколку митови кои се шират од извори на пропагандата на Кремљ.

НАТО не е во војна со Русија и не бараме конфронтација со Русија. Она што го прави НАТО е поддршка за Украина во нејзиното право на самоодбрана, како што е наведено и во Повелбата на Обединетите Нации. Во текот на изминатите месеци, преземавме исклучиво одбранбени мерки за да го зголемиме присуството на НАТО трупи во источниот дел на Алијансата.

Ова обезбедува да нема простор за недоразбирање во Москва за нашата подготвеност да ги заштитиме и да ги одбраниме нашите сојузници. Нашата основна задача е да ги одржиме нашите 30 нации безбедни. Имаме одговорност да се осигуриме дека конфликтот нема да ескалира и да се прошири надвор од Украина, зашто тоа би било уште поразорувачко и уште поопасно, пишува на сајтот на НАТО.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.