Впрочем, Данска, Естонија, Финска, Исланд, Латвија, Литванија, Норвешка Шведска, стојат како силен унифициран блок за да ја засилат Украина и поради јавната поддршка на анкетите што ја добиваат овие земји од своите граѓани на тој пат. Споделената историја на конфликти со Русија, ја засилуваат позицијата на овие држави против агресија, што прави нивните интереси да се на иста линија со тие на Украина. Овие држави имаат потпишано билатерални договори со Украина, некои од нив вклучувајќи и специфичен процент од бруто домашниот производ за помош кон Украина, додека ги поддржуваат интеграциите во ЕУ и НАТО. Тие стојат до Украина затоа што исходот од војната во Украина ќе има долгорочни ефекти врз Европа и трансатлантската безбедност, но се залагаат за мир во кој на Украина ќе ѝ бидат дадени силни безбедносни гаранции.

Наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме, ЕУ и НАТО не се претставувани од „нацифашисти“ во владите на државите што се споменуваат а кои имаат територијална блискост до Русија. ЕУ и НАТО се против нацизмот и фашизмот и „Вистиномер“ веќе има пишувано на оваа тема.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина. Причината поради која европските држави чии граници се близу Русија ја поддржуваат Украина се територијалниот интегритет и суверенитет на Украина и долгорочните безбедносни негативни ефекти што неиспровоцираната воена инвазија од страна на Русија би можела да ги има врз евроатлантската стабилност и безбедност.