Трамп не изјавил дека ЕУ ќе биде исклучена од преговорите за ставање крај на војната во Украина

Published on:

Траммп го евоцира моментот кога бил застрелан, 28.07. 2024 Фото: Tim KennedyCC BY 2.0, via Wikimedia Commons

Овој напис е првобитно објавен од Вистиномер.мк (Северна Македонија), во рамки на проектот „Центар против дезинформации на Западен Балкан: разоткривање на штетните влијанија преку набљудувачко новинарство.“

Станува збор за измислено интервју (изјава н.з) што го шири руската пропагандна сметка „peacemaket71“ на социјалната мрежа „Икс“, која често шири дезинформации за војната во Украина, пишува Истиномер и додава дека во оригиналниот, првичен пост, било невистинито наведено дека Трамп ја дал изјавата за Си-Ен-Ен

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува фотографија од претседателот на САД Доналд Трамп и му се припишува наводна негова изјава со следната содржина:

Преземено:
Доналд Трамп:
Ќе бидеме само јас и Путин, нема да поканиме ниту еден претставник на Европа. За мене нема да има војна, а ако Европа има проблем со тоа, тогаш треба сама да ја победи Русија, без американско учество.
Зошто не сакам ЕУ да биде таму?
Бидејќи нивните претставници треба да одат во војна, им треба долгорочен конфликт за да ја прикријат нивната неспособност, нивните лоби и нивните украдени пари. Јас веќе ја класифицирам ЕУ како земја од трет свет, но тие се малку подобро, никој ништо не им диктира.
Нема да преговарам со никој што сака да го пролонгира конфликтот, нема да преговарам со никој што ќе испрати повеќе оружје, нема да преговарам со кој ќе се обиде да добие повеќе иницијативи за муниција, нема да преговарам со никој што ќе се обиде да го продолжи конфликтот.
Ќе преговарам за мир, што очигледно е многу цензуриран збор во ЕУ.
Еден човек еден збор почит господине претседателе.
Конкретната „изјава“ која му се припишува на претседателот на САД Доналд Трамп, е измислена и тој никогаш не ја дал. Како што пишуваат проверувачите на факти на „Истиномер“, оваа измислена изјава потекнува и првично е споделена од руска пропагандна сметка позната по ширење на дезинформации.
Станува збор за измислено интервју (изјава н.з) што го шири руската пропагандна сметка „peacemaket71“ на социјалната мрежа „Икс“, која често шири дезинформации за војната во Украина, пишува Истиномер и додава дека во оригиналниот, првичен пост, било невистинито наведено дека Трамп ја дал изјавата за Си-Ен-Ен.
За проверувачите на „Франс 24“, Си-Ен-Ен демантираа дека објавиле изјава или интервју со Трамп во кои американскиот претседател наводно изјавил дека „ЕУ ќе биде исклучена од преговорите за ставање крај на војната во Украина“. Контроверзната изјава што неосновано му се припишува на Трамп не може да се најде на ниту една платформа на Си-Ен-Ен.
Исто така, нема докази дека Трамп го кажал ова во која било друга прилика, бидејќи не постои во ниеден светски сериозен медиум. Во моментов нема дефинитивни одговори на прашањето дали Европската Унија ќе присуствува на мировните преговори за ставање крај на војната во Украина.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.