Фото: Vistinomer.mk
Овој напис е првобитно објавен од Вистиномер.мк (Северна Македонија), во рамки на проектот „Центар против дезинформации на Западен Балкан: разоткривање на штетните влијанија преку набљудувачко новинарство.“
Руската пропагандна машинерија, уште од моментот кога повеќе европски претставници се приклучија кон иницијативата да не се учествува на прославата во Москва, тоа го свртеа односно го спинуваа како да е „фашизодино однесување на Европа“. Една од причините за ставот на ЕУ државите да не одат во Москва на 9 Мај, е тоа што Киев ги покани во симболичен потег да се спротивстават на церемонијата на Владимир Путин во Москва, со цел „да го покажат единството со Украина и одлучноста во очи на најголемата агресија во Европа после Втората светска војна“
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Добивме уште еден ЕУ кловн, кои очигледно ги кловнираат. Кое безобразие, некултура, фашизоидно однесување на ЕУ претставниците. Мене не ми е јасно,овие домашни актуелни политички елити имаат ли базичен, основен морал? Па ова се откачува на прва средба.
Во склоп на објавата се споделува изјава на европската комесарка за проширување Марта Кос:
Одлуката за заминување во Москва е на претседателот на Србија, но ако отиде ќе имам многу тешка задача да ѝ помогнам на Србија да остане силно насочена на европскиот пат. Да се отиде во Москва и да се слави со Путин или со неговата војска која убива луѓе во Украина, толку е спротивно на европските вредности.
Наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме, унифицитарниот став на Европската Унија и нејзините претставници во поглед на тоа како ќе се постават кон надворешната политика особено врзано со Русија, не претставува „фашизоидно однесување“ туку право и обврска. Но, руската пропагандна машинерија, уште од моментот кога повеќе европски претставници се приклучија кон иницијативата да не се учествува на прославата во Москва, тоа го свртеа односно го спинуваа како да е „фашизодино однесување на Европа“.
Една од причините за ставот на ЕУ државите да не одат во Москва на 9 Мај, е тоа што Киев ги покани со симболичен потег да се спротивстават на церемонијата на Владимир Путин во Москва, со цел „да го покажат единството со Украина и одлучноста во очи на најголемата агресија во Европа после Втората светска војна“. Администрацијата на Володимир Зеленски како што извести „Киев Индепендент“ се обидува да го оттргне вниманието од московската годишна воена парада којашто доаѓа 3 години откако Русија ја почна својата неиспровоцирана воена инвазија врз Украина. Зеленски истиот ден, според медиумот, планира да ги собере лидерите од Европа за да дискутираат за потенцијални сигурносни гаранции за Украина во случај на примирје со Русија.
Како што може да се види од самата изјава на европската комесарка за проширување Марта Кос, таа не му го одзема изборот на претседателот на Србија дали да оди или не во Москва, но кажува дека тоа би сигнализирало заземање став. Таа не е единствената што има вакво мислење. Владимир Путин ги покани лидерите на Кина, Израел, Бразил, Словачка и Србија да присуствуваат на прославата на 9 Мај во Москва, кога се одбележуваат 80 години од крајот на Втората светска војна. Ниту ЕУ, ниту нејзините лидери не се поддржувачи на фашизмот и нацизмот, туку од почетокот на неиспровоцираната воена инвазија на Русија врз Украина (суверена, независна земја со демократски избрана влада и претседател), го користат правото да ја поддржуваат Украина во нејзиното право на самоодбрана.
Она што беше дискутирано и многу јасно посочено од различни земји членки е тоа дека какво било учество во парадата на 9 Мај или во одбележувањето во Москва, нема да биде сфатено несериозно од европска страна, со оглед на фактот дека Русија навистина води целосна војна во Европа, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Каја Калас после одржаниот совет за надворешни работи.
Причината поради која на земјите членки на ЕУ им се дава предлог да не одат во Москва на 9 Мај е и тоа што Русија воената инвазија што ја спроведе врз Украина ја оправда со т.н. „денацификација“. Како што пишува „Еурактив“, на состанок во Луксембург, украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибига ги покани земјите од ЕУ да дојдат на 9 Мај во Киев, како показател на дипломатска сила за спротивставување на воената парада во Русија истиот ден. ЕУ силно ја осудува политички мотивираната злоупотреба на наративот за антинацизмот и недвосмислено ја отфрла неточната и погрешна употреба на терминот „деназификација“ за да се оправда руската нехумана, сурова и агресивна војна против Украина. Европската Унија, спротивно на постулатите на фашизмот, е политичка и економска унија од 27 земји-членки кои се фундаментално демократски и се придржуваат до принципите на либерална демократија, човекови права и владеење на правото. ЕУ става силен акцент на човековите права, основните слободи и заштитата на малцинствата. Таа има механизми за да ги поддржува овие принципи, како што е Европскиот суд за човекови права.
Поради сите горенаведени факти, објавата што ја рецензираме ја оценуваме како објава во која се пропушта контекстот.