НАТО не е најголемата закана за светот и не е причина за војната во Украина

Published on:

Станува збор за повторувачки про-Кремљ дезинформациски наратив за војната во Украина. Од почетокот на воената инвазија Русија излегува со различни лажни објаснувања и изговори за својата агресија. Во објавата е монтиран дел од цитатот на генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, преземен од неговиот говор на заедничкиот состанок на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, кој се одржа на 7 септември. Генералниот секретар не изјави дека „НАТО ја започна војната во Украина“, тој зборуваше за неуспехот на политиката на Путин кој во пресрет на целосната инвазија на Украина се обиде да ја уценува Алијансата, барајќи Источна Европа да ѝ се даде под целосно влијание на Русија

 

Рецензираме манипулативна  објава на социјалната мрежа Фејсбук , во која се тврди дека најголемата закана за светот е НАТО, дека тоа е воен сојуз кој се храни од војна.

Во објавата стои:

Брилијантно!!! Најдоброто видео

Гледајте како кучката Мет Орфалеа им удира шамар на оние кои велеа дека инвазијата во Украина „не е за НАТО“

Најголемата закана во светот е НАТО.

НАТО постои за да ги реши проблемите создадени со постоењето на НАТО.

НАТО е воен сојуз кој се храни со војна.

За да го оправда своето постоење, на НАТО постојано му требаат надворешни непријатели и конфликти.

РАСПУШТАЊЕ НА НАТО!

Се споделува и монтирано видео на Мет Орфалеа кое започнува со исечок од изјавата на Јенс Столтенберг, како и фрагменти од изјави на експерти и високи претставници на ЕУ и САД.

Оваа манипулативна објава го следи рускиот наратив и се обидува да го направи НАТО виновник за војната.Станува збор за повторувачки про-Кремљ дезинформациски наратив за војната во Украина. Од почетокот на воената инвазија Русија излегува со различни лажни објаснувања и изговори за својата агресија.

Во објавата неточно се тврди дека НАТО е организација која се храни од војни и е најголема закана за светот. Ниту ЕУ, ниту Западот, ниту НАТО не ѝ објавија војна на Русија и НАТО не е причина за војната во Украина

Впрочем целта на НАТО, како меѓународна организација е да ги гарантира слободата и безбедноста на своите членки преку политички и воени средства.

Политички – НАТО промовира демократски вредности и им дава можност на членките да се консултираат и да соработуваат за прашања поврзани со одбраната и безбедноста за решавање проблеми, градење на довербата и, на долгорочен план, спречување конфликти.

Воено – НАТО е посветена на мирно решавање на споровите. Доколку дипломатските напори не успеат, таа ја има воената моќ да преземе операции за управување со кризи. Тие се извршуваат според клаузулата за колективна одбрана на основачкиот договор на НАТО – Член 5 од Вашингтонскиот договор или според мандат на Обединетите Нации, самостојно или во соработка со други земји и меѓународни организации.

Во видеото прикажано во објавата е вметнат дел од цитатот на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, преземен од неговиот говор на заедничкиот состанок на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, кој се одржа на 7 септември, 2023 година.

Столтенберг тогаш зборуваше за неуспехот на политиката на Путин кој во пресрет на целосната инвазија на Украина, се обиде да ја уценува Алијансата, барајќи Источна Европа да ѝ се даде под целосно влијание на Русија. Токму во тој контекст Столтенберг изјави дека Русија не може да стави вето на желбата за влез во НАТО на која било суверена независна држава во Европа. Фактот, рече генералниот секретар на НАТО, дека Финска е веќе членка на Алијансата, а Шведска наскоро ќе стане членка, покажува дека агресивната војна на Путин против Украина беше голема стратешка грешка.

Тој сакаше да го потпишеме тоа ветување, никогаш да не го прошириме НАТО. Тој сакаше да ја отстраниме нашата воена инфраструктура во сите сојузници кои се приклучија на НАТО од 1997 година, значи половина НАТО, цела Централна и Источна Европа, треба да го отстраниме НАТО од тој дел на нашата Алијанса, воведувајќи некој вид Б или втора класа членство. Ние го отфрливме тоа. Така, тој отиде во војна за да го спречи НАТО, да биде блиску до неговите граници. Тој го доби токму спротивното. Има повеќе присуство на НАТО во источниот дел на Алијансата и исто така виде дека Финска веќе се приклучи на Алијансата и Шведска наскоро ќе биде полноправна членкарече Столтенберг.

Исто така, Столтенберг нагласи дека Русија не ја нападна Украина само во 2022 година, туку дека агресијата на руските окупатори против Украина започна во 2014 година со заземањето на Крим и делови од регионите Доњецк и Луганск. Генералниот секретар на НАТО нагласи дека „Русија одлучи да ги контролира своите соседи, да се обиде да го врати нивното влијание“, но влезот во НАТО не е „антируска провокација“, туку демократско, суверено право на една нација да избере своја патека.

На Самитот на НАТО главната порака секако беше да се поддржи Украина.

Исто така, можевме да постигнеме напредок на патот на Украина кон членство во НАТО. Ние го признаваме она што го направи Европската Унија, давајќи им кандидатски статус. Во НАТО, на самитот во Вилнус, донесовме важни одлуки за да помогнеме Украина да се приближи до членството, беше истакнато од генералниот секретар на НАТО Столтенберг на заедничкиот состанок на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент на 07 септември годинава.

Одлуката за војна или мир во Украина не беше во рацете на НАТО или Америка, туку во рацете на Русија која започна воена инвазија на суверена и демократска земја, без никаква провокација. Фактот што Путин бараше од НАТО да не се шири и дека нацрт-договор никогаш не беше потпишан од НАТО, не ја префрла воената одговорност врз НАТО. Исто така, Столтенберг не признава дека НАТО можел да ја спречи војната ставајќи крај на проширувањето на НАТО, тој во видеото вели дека уцените од Русија се  неприфатливи.

 Факти за воената агресија врз  Украина

Факт 1: Русија однапред планирала воена агресија против Украина. Победата на револуцијата на достоинството беше само изговор

Русија ја започна својата добро испланирана вооружена агресија против Украина на 20 февруари 2014 година со воената операција на нејзините вооружени сили за заземање на дел од украинската територија  – Полуостровот Крим. Овој датум не го негира ниту руското Министерство за одбрана, како што е наведено на медалот „За враќање на Крим“. Всушност, дури следниот ден Виктор Јанукович побегна од Киев; и веќе беше 22 февруари 2014 година кога Врховната Рада на Украина ја усвои Резолуцијата „За отстранување на претседателот на Украина од исполнување на уставните овластувања и рспишување на предвремени претседателски избори во Украина“, користена од Русија како изговор за обвинувања за наводен „неуставен пуч во Украина“.

Факт 2Руска агресија е насочена кон уништување на Украина како независна држава

Илегалната окупација на Автономната Република Крим и градот Севастопол беше само првиот руски чекор чија цел беше поткопување на независноста и суверенитетот на Украина. Кремљ отсекогаш бил цврсто убеден дека Русија никогаш нема да стане светски лидер без контрола над Украина, додека демократска и просперитетна Украина е закана за сегашното авторитарно владеење во Русија. Затоа следниот чекор на руската агресија беше обид да се дестабилизира ситуацијата во источните и јужните региони на Украина со цел да се формира квази-држава „Новоросија“. Рускиот претседател Владимир Путин го објави овој план на ТВ-програмата „Дијалог со Русите“ на Првиот канал на 17 април 2014 година. Успеавме да го нарушиме целосното спроведување на неговите планови, но руските регуларни трупи и нејзините посредници окупираа одредени области на Доњецк и на Луганскиот регион на Украина.

Понатаму, факт е дека Путин не прифаќа дека Украина е вистинска држава и има посебен национален идентитет, туку ја гледа како составен дел од руското национално наследство.

Путин долго време е фиксиран на контрола на Украина. Тој постојано се обидуваше – иако неуспешно – во изминатите 20 години да ја приклони Украина на волјата на Русија.

Неговиот иредентистички копнеж да ја врати Украина во руското јато е дополнет со империјална носталгија и горчливо незадоволство од загубата на Украина по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година.

Путин, исто така, има тврдоглави геополитички амбиции: тој има за цел повторно да ја нацрта европската безбедносна архитектура по Студената војна. Тој сака да се спротивстави на натамошното проширување на НАТО на Исток, да ја врати стратешката сила на Русија и нејзината историска сфера на влијание околу нејзините западни граници. Украина е централна за оваа цел.

Украина беше далеку од НАТО кога Русија започна воена инвазија на Украина

Во месеците пред руската целосна инвазија на Украина во февруари 2022 година, Путин и другите лидери на Кремљ му кажаа на светот дека ескалацијата на кризата се должи на долгогодишното провокативно проширување на НАТО, истовремено предупредувајќи дека продлабочувањето на врските меѓу Алијансата и Украина претставува црвена линија. Меѓутоа, во реалноста, Украина на почетокот на 2022 година не беше ни оддалеку блиску до влез во НАТО.  Алијансата постојано ги заобиколуваше апелите од Киев за Акционен план за членство, одбивајќи да понуди дури и јасен сигнал во врска со идното пристапување. Во пресрет на руската инвазија, најоптимистичките прогнози покажаа дека сонот на Украина за приклучување кон НАТО е сè уште далеку со децении.

Поради горе изнесените факти оваа објава ја оценуваме како невистина.