Не постои веродостојно сценарио кое ќе ја смести Зеленска некаде во близина на „Картие“ на Петтата авенија во Њујорк, на 22 септември 2023 година, датумот прикажан на фактурата прикачена на објавата. Таа и нејзиниот сопруг веќе го напуштија Њујорк вечерта на 20 септември, по што заминаа во Вашингтон каде што беа на 21 септември, а вечерта целосно ги напуштија САД. На 22 септември брачниот пар Зеленски беше во официјална посета на Канада
Објава на социјалната мрежа Фејсбук тврди дека Олена Зеленска, сопругата на украинскиот претседател Волдомир Зеленски, потрошила 1,1 милиони долари на накит во продавницата на „Картие“ во Њујорк. Ова не е неточно тврдење.
Сопругата на современиот Хитлер, додека тој молел за пари во Америка и Канада потрошила 1,1 милион долари на накит кој го фотографирала продавачката во Картие! Не се знае колку е потрошено а не е фотографирано, а вие праќајте пари Клеко нека пише колумни, Мите Лимунада нека праќа агрегати за кутрите Украинци.
Газдата на Витаминка Прилеп, почесен конзул на Украина, има ли нешто да изјави за својот шеф?
Украинскиот претседател Зеленски и неговата сопруга неодамна ги посетија САД и Канада, барајќи континуирана поддршка во одбрана на нивната земја против Русија.
Појавувајќи се во Вашингтон и на Генералното собрание на ОН во Њујорк, Зеленски ги повика пратениците во Конгресот да ги продолжат придонесите.
Нивната посета беше придружена и од вирално неточно тврдење, кое се рашири низ целиот свет па и кај нас, дека сопругата на Зеленски, Олена Зеленска, потрошила 1,1 милион долари на накит од познатата продавница „Картие“ за време на патувањето во Големото јаболко.
Објавите на социјалните мрежи потекнуваат од видео приказна објавена на Инстаграм од корисникот „gorgeous.bb.jeanette“, којашто вклучува снимка од девојка кој тврди дека додека работела во „Картие“ во Њујорк, Зеленска ја посетила продавницата каде што работела. Корисничкото име „gorgeous.bb.jeanette“ кое се појавува на врвот на видеото е регистрирано на Инстаграм, но профилот е приватен, без објави или следбеници.
Девојката во видеото раскажува како на 22 септември Олена Зеленска била забележана во продавница за накит „Картие“ на Петтата авенија во Њујорк. Таму првата дама во придружба на неколку телохранители наводно купила три парчиња накит: нараквица, обетки и приврзок. Сумата била 1.110.525 долари, за што е приложена копијата од сметката, којашто како фотографија е прикачена на Фејсбук објавата што ја цитираме.
Лицето во видеото тврди: „Кога ѝ покажав некои наши парчиња, таа само ми се развика директно во лице ‘Кој рече дека ми треба твое мислење?’ и откако Зеленска разговараше со менаџерот, „добив отказ“. Потоа девојката тврди дека додека се пакувала да замине, испечатила копија од потврдата за набавките на Зеленска која се гледа и во видеото.
Но, без оглед на чудните извори и сомнителните пораки, практично не постои веродостојно сценарио кое ќе ја смести Зеленска некаде во близина на Картие на Петтата авенија во Њујорк, на 22 септември 2023 година, датумот прикажан на фактурата во виралното видео. Тоа е затоа што таа и нејзиниот сопруг го напуштија Њујорк вечерта на 20 септември, по што заминале во Вашингтон каде што биле на 21 септември, а вечерта целосно ги напуштија САД.
На 22 септември 2023 година, Зеленска била во Отава, Канада, заедно со сопругот. Двајцата го посетија канадскиот парламент во Отава, при што украинскиот претседател Зеленски имаше обраќање кон средината на попладневните часови тој ден.
Првата дама и претседателот пристигнаа во Канада во четвртокот вечерта, каде присуствувале во канадскиот парламент од петокот околу пладне. Обраќањето на Зеленски заврши околу 14:20 часот, по што тој присуствуваше на прес-конференција со канадскиот премиер Џастин Трудо. Утрото имале други локални ангажмани и средби.
Освен видеото со тврдењата за шопингот на Зеленска во „Картие“, не постојат какви било други извештаи, фотографии или докази за нејзината посета на „Картие“ или на други продавници во Њујорк, за време на патувањето.
Освен тоа, тврдењето дека Зеленска купувала во „Картие“ на Петтата авенија за време на патувањето во Њујорк во октомври 2023 година е сомнително, бидејќи е речиси идентично со тврдењето направено за неа во декември 2022 година кога кружеа неосновани гласини дека таа потрошила 40.000 долари за време на шопинг во Париз.
Поради овие факти, и поради нејзината сличност со другите, неодамнешни лажни тврдења за Зеленска, оваа објава ја оценување како невистинита.