Нови вили, стари лаги – повторно кружат дезинформации за Зеленски

Published on:

Фото: колаж од Eva RinaldiTenuta il Palagio и President Of Ukraine from Україна, Public domain, via Wikimedia Commons

Во регионот и низ Европа повторно кружат дезинформации дека украинскиот претседател Володомир Зеленски наводно се луксузирал. Овој пат тој „откупил“ издашна вила со винарија и лозја што припаѓа на англискиот музичар Стинг. Колегите од грузискиот Mythdetector проверија со италијанскиот регистар за недвижнини од каде потврдија дека до 8 август 2024 имотот сè уште припаѓал на Стинг. Ова е само една дезинформација од купишта со кои се поткопува угледот на Зеленски и семејството. Дезинформацијата се шири откако Г7 економиите одобрија 50 милијарди за Украина и во време на прогресот на украинските сили во областа на Курск

    

Украинскиот претседател Володомир Зеленски повторно е мета на дезинформации, овојпат поради наводно луксузирање со имотот „Tenuta il Palagio“ во Тоскана, вреден 75 милиони евра. Се тврди дека имотот што вклучува раскошна вила со винарија и лозја, го откупил од познатиот англиски музичар Стинг. Оваа дезинформација ја проверија повеќе колеги од ИталијаУкраинаЕстонијаЧешкаСловачкаСрбија и Грузија

Најнапред треба да се потенцира дека ова е измислица. Дезинформацијата започнува да се шири од сајтот Databаse Italia, од каде што иако во моментот тие го имаат отстрането написот, на прелистувачот Гугл сè уште може да се најдат траги.

Фото: траги од отстранетата објава на Database Italia, скриншот од Гугл

Потоа овој напис мигрира на руските (дез)информациски екосистем 1ТВ.руСпутникЛента, од каде што преку српските РТИнформерПравдаБорба се проширува и низ наште простори. Кај нас напис на оваа тема може да се најде во Вечер (vecer.press). На социјалните медиуми најдовме само една објава која нема привлечено особено внимание или интерес кај македонската публика.

Во секој случај, клучниот доказ на којшто сите портали се потпираат се документи од наводната трансакција каде се пишува дека Стинг и неговата сопруга го купиле винскиот имот во 1997 година и го продале на 28 јуни оваа година. А, според „договорот“, купецот е компанијата на Зеленски, „San Tommaso SRL“.

 

Фото: документот од наводната трансакцијата меѓу Стинг и Зеленски, објавена во Database Italia

Грузиската организација за проверка на факти MythDetector објави дека побарaле од италијанскиот регистар за недвижности Agenzia delle Entrate да има дадат информации за овој имот. Според документот што го добиле, во системот последно ажуриран на 08 август 2024 година, сопственик на имотот Tenuta il Palagio сè уште е Самнер Гордон Метју, односно пејачот Стинг.

 

Фото: документот од италијанскиот регистар за недвижнини Agenzia delle Entrate
Преземено од Mythdetector.ge

Во прилог на тоа, може да се види дека од официјалната страна на Стинг на Инстаграм и Фејсбук има објави со слики од овој имот, споделени на 7 и 9 август:

Знаеме кога Стинг се враќа во неговото тосканско светилиште бидејќи воздухот е исполнет со песна и мелодии… пишува во објавата.

Серија на измислици за наводните луксузирања на Зеленски

Откако започна руската „специјалната воена операција“ во Украина, Володомир Зеленски, како и членовите од неговото семејство, беа и сè уште се една од главните мети на дезинформации, не само кај нас туку и низ низ целиот свет. Целта е да се прикаже наводната корумпираност на украинскиот претседател и со тоа да се намали финансиската помош што ја добива Украина. На оваа тема Вистиномер има пишувано повеќепати само оваа година:

Битно е да се спомене зошто токму сега се шират овие дезинформации – два момента се клучни. Прво, за време на Г7 самитот во Италија, Украина доби огромна финансиска поддршка од западните економии, кои ќе мобилизираат дополнителни 50 милијарди долари со користење на замрзнати руски државни средства во странство. Второ, како што пишуваат од Политико, офанзивата на украинските сили во Курск во Русија го засрами Путин и покажа дека заради летаргичниот одговор на руската команда 92 населени места се под украинска контрола. Со цел да се оттргне фокусот од Курск, се наоѓаат секакви вектори на дезинформациски напади, па дури и такви што лесно може да се проверат и демантираат.