На Русија ѝ одговара бугарската блокада на европската интеграција на РСМ

Published on:

Речиси две децении, Северна Македонија стои пред вратите на Европската Унија, иако често флертуваше со антиевропски и антидемократски сили, земјата никогаш целосно не го промени својот европски правец. Но, со неотворањето на преговорите на Република Северна Македонија и Албанија со ЕУ, ЕУ, свесно или несвесно остави простор на другите сили, како Русија, да ги намамат овие земји во меѓувреме, за зголемување на евроскептицизмот. Kакви се шансите Русија да го заземе местото на ЕУ. Portalb.mk доби мислења од експерти за оваа тема

 

Русија постојано ги користеше „неуспесите“ на Европската унија за да ги намами државите кои беа жртви на долготрајните процеси на ЕУ, со цел да го сменат нивниот курс и да ги сврти во нивна страна.

Не е тајна дека Кремљ со години изјавуваше дека го смета Балканот за област од „стратешки интерес“, иако ниту една од шесте држави на Западен Балкан не беше дел од Советскиот Сојуз.

Декларативно, Русија преку своите медиуми постојано кажуваше дека нема проблем со членството на земјите од Западен Балкан во ЕУ, но жестоко реагираше кога Албанија, Црна Гора и Северна Македонија се приклучија во НАТО и кога Босна и Херцеговина предупреди дека планира да се приклучи на Северноатлантска алијанса.

Сепак, и покрај изјавите на Москва дека „нема проблем балканските држави да влезат во ЕУ“, различни студии покажуваат дека руските пропагандисти низ годините пропагираат против Европската Унија и вредностите што таа ги претставува. Така, имплицирајќи дека Русија, освен што е многу заинтересирана државите од Западен Балкан да не влезат во ЕУ, дури и работи во оваа насока.

Потсетуваме дека Европската Унија, на самитот во Солун од 2003 година, одлучи сите држави од Западен Балкан да имаат перспектива за влез во Унијата, по 19 години – само Хрватска успеа да се приклучи, тоа и во 2013 година, додека другите земји постојано влечат, па, според експертите, ЕУ ризикува да ги загуби.

 

Додека нема преговори, Москва индиректно јасно ја кажа својата мисија: намерна деструктивност

Блокирањето на процесот од Бугарија за отворање преговори со Северна Македонија, а и Албанија, исклучително и служи на целта на Русија за Западен Балкан, која според сите студии на Фондацијата Метаморфозис е – да се изгуби довербата во ЕУ и НАТО.

Има индиции за руско влијание во националистичките политички партии во Република Бугарија кои беа меѓу најгласните за ВЕТО. На ова во март предупреди и самиот премиер Кирил Петков, кој изјави дека „во земјата има руски шпиони, кои работат на спречување на договорот меѓу Скопје и Софија“.

Освен тоа, невладините организации и продемократските сили во Бугарија веќе неколку години предупредуваат на руското влијание во бугарските државни институции. На пример, од 2017 година тогашниот претседател Румен Радев беше наречен проруски, тој ја доби поддршката и од Бугарската социјалистичка партија, наследник на комунистичка партија. Во екстремно десничарските партии како ВМРО-СМД има кадри кои биле соработници на тајните служби додека Бугарија била членка на Варшавскиот пакт, потврди Филип Стојановски од Фондацијата Метаморфозис.

Filip Stojanovski, foto: Vanço Xhambaski, CC-BY
Филип Стојановски, фото: Ванчо Џамбаски, CC-BY

„Една од главните цели на кампањите во кои има надворешни антидемократски влијанија е обидот да се запре интеграцијата на Западен Балкан во Европската Унија и НАТО. Стратегијата не е да се предизвикуваат чувства на љубов кон режимот на Путин (иако тоа се прави во некои конкретни земји, како Србија) или да се поттикне каква било добра волја за соработка со Русија, туку нивната пропаганда е насочена кон зајакнување на омразата кон „западот“. „И да се уништат процесите насочени кон демократски реформи, кои, доколку бидат успешни, може да влијаат на самите Руси да почнат да бараат подобар живот“, додаде Филип Стојановски, објаснувајќи ги податоците собрани од различните активности на Фондацијата Метаморфозис.

И покрај напорите на продемократските активисти во Бугарија преку протести и лобирање, според Стојановски, сè уште има политички партии платени од Москва да ја туркаат својата агенда преку дестабилизирачки и непрогресивни сценарија.

„Продемократските активисти во Бугарија, кои пред неколку дена организираа протести за поддршка на проевропските цели на Владата на Петков, преку социјалните мрежи се обидуваат да ја покажат опасноста од ова. На пример, по провокацијата на пратениците на бугарската националистичка партија, кои во Парламентот користеа говор на омраза и пароли пропагандирајќи ја окупацијата на Македонија од Бугарија, некои активисти објаснија дека „сите националистички партии во Бугарија се спонзорирани од Москва за внатрешна дестабилизација на Бугарија, да се создаваат кавги со соседите и да се спречи модернизацијата на Бугарија“. „В’зраждане“ е особено влијателна во руската амбасада во Софија, бидејќи партијата која организираше контрапротести на протестите против руската агресија во Украина, организираше протести и пред посетата на американскиот министер за одбрана, а се спротивстави и на промената на имињата на населби во кои живеат руски дипломати во Бугарија“, додаде Стојановски.

Вака за оваа политичка партија на Твитер пишува влијателен профил во Бугарија, со кој управуваат од граѓани на Бугарија:

„Почитувани македонски пријатели, Вазраждане не е бугарска партија, таа е директно зависна од руската амбасада. Тоа што овие луѓе се во парламентот, а не во затвор е резултат на нашето нефункционално судство“

 

Selim Ibraimi
Селим Ибраими
И покрај обидите, Русија не може да го заземе местото на ЕУ бидејќи нема што да понуди

Селим Ибраими истакнува дека, како и сега, и порано, луѓе платени од Москва работеле за да не се реши спорот Скопје-Софија. Според него, такви пропагандисти ќе има и по решавањето на спорот, бидејќи на Русија ѝ одговараат секакви можни конфликт во регионот.

„Руското разузнавање и од нив регрутираните лица на Балканот и во двете земји се погрижија да најдат дупки и изговори за ништо да не мрдне во спорот Софија-Скопје. Во моментов, руските идеолози се концентрирани насекаде. Сега топката останува во рацете на македонската страна, која и покрај тоа што очекува одговори од Франција за барањата, мора да биде флексибилна во внесувањето на Бугарите во Уставот и исполнувањето на барањата од претходните договори. Истото важи и за Софија, која веќе го повлече ветото и чека. Без разлика на крајот на овој проблем, руските елементи ќе продолжат да останат скриени и во Скопје и во Софија. Се разбира, замрзнатите конфликти и новите прашања или вето одат во прилог на политиките на Москва“, вели експертот за геополитика Селим Ибраими.

 

Arsim Sinani, profesor.
Арсим Синани
Според универзитетскиот професор Арсим Синани, напорите на Русија да го оттргне вниманието од агресијата во Украина не ја пренасочуваат ориентацијата на Западен Балкан кон Европската Унија.

„Северна Македонија мора да ги реши деликатните прашања со Бугарија бидејќи тоа се сериозни прашања кои на Европа не ѝ се потребни. Разбирливо е дека Русија го користи Западен Балкан за да го одвлече вниманието од војната во Украина. Но, постои Запад за да ја ублажи оваа игра. Во Северна Македонија и Бугарија има проруски сили, но тие се под контрола. Но, рускиот зајак внатре може да разбуди чувства за руското братство и во Скопје и во Софија. Сепак, ориентацијата на овие земји е кон Европа“, изјави Арсим Синани.

Од друга страна, политикологот Наим Иљази истакна дека секој „неуспех“ на Европската унија, Русија го гледа како можност за влијание и потенцијал за деевропеизација на регионот.

Naim Iljazi, politolog.
Наим Илјази, политолог

„Европа мора да ги организира политичките процеси со конкретна стратегија за иднината на Унијата, да обезбеди стабилност и да влијае на напредокот на Западен Балкан. Кусогледоста на некои земји во Европската Унија повеќе штетат отколку што влијаат врз развојот на унитарните политики. Несомнено, овие акции се во корист на Руската Федерација. Ако застанеме за еден момент и кажеме дека неотворањето на преговорите меѓу Северна Македонија и Република Албанија со Европската Унија е правилна и фер, тогаш целата работа на Унијата за почеток на преговорите е под знак прашалник. Во овој случај секој треба да се запраша дали Европската Унија постапува на вистински начин да го вклучи Западен Балкан во Унијата“, вели Наим Иљази, политиколог.

Тој додаде дека Европската Унија е политичка организација, а не археолошки музеј, „Затоа, не знам што ја натера Бугарија да го преземе правото и да бара блокада на Северна Македонија и Република Албанија. Границите на изолација на Западен Балкан не се ништо друго, туку продолжување на руската политика, каде што недостига сериозноста на Европската унија. И кога мислите дека не може да биде полошо, руското влијание се шири од земјите членки во Европската унија, „уценувајќи“ го Западен Балкан, кој интеграцијата во Унијата ја доживува како далечен сон.

 

Anton Pançev, Bullgari.
Антон Панчев, Бугарија
Бугарскиот политиколог и балканолог, Антон Панчев за Portalb.mk: Сè додека РСМ е во НАТО не важи реториката за „зголемување на руското влијание“, јасни се условите на Бугарија

„Една од најапсурдните точки во пропагандата на скопските власти е дека забавувањето на развојот на Првата меѓувладина конференција со Европската Унија ќе го зајакне руското влијание во оваа земја. Со други зборови – овие македонски политичари и новинари се обидуваат да ги „изнудат“ земјите од Европската Унија и САД, да извршат притисок врз Бугарија. Што ќе се случи ако и Бугарија го користи овој инструмент – ако не се изврши притисок врз Северна Македонија да ги заштити правата на Бугарите таму, тогаш руското влијание би се зголемило во Бугарија! Во таков случај, западните земји би требало да изберат која земја ја сакаат за сојузник, а која ќе оди со Русија. Така, може да се пресмета економската и воената тежина, географската положба и во Брисел/Вашингтон да се изјаснат за нивната предност! Република Северна Македонија е членка на НАТО, што ја гарантира прозападната ориентација на оваа земја. Жално е што политичарите и новинарите ја доведуваат во прашање способноста на НАТО да ги заштити своите земји членки и ги доведуваат во прашање евроатлантските чувства на политичката и интелектуалната класа во Северна Македонија“, рече Антон Панчев од Софија.

Според Панчев, само со исполнување на бугарските барања РСМ целосно би го избегнала можното руско влијание.

„Целите на Бугарија се јасни – вклучување на бугарската заедница во Уставот на Северна Македонија, заштита на сите права на Бугарите во оваа држава, што ги вклучува и идентитетските права, длабока реформа на Северна Македонија, која вклучува отворање на досиеја , казнувањето на злосторствата на комунизмот, добрососедство, итн. Само така Северна Македонија ќе го напушти руското влијание и ќе биде на патот на евроатлантските вредности“, додаде Панчев.

hubmk