БАЗА
Главна цел на проектот е откривање на странско малигно влијание на Западен Балкан преку разоткривање и мапирање на протокот на дезинформации и пропаганда што потекнуваат од надворешни актери низ регионот.
Откривање и аналитичка медиумска содржина по земја:
Фактоје од Албанија | |
„Зашто Не? од Босна и Херцеговина | |
Сбункер од Косово | |
ЦДТ од Црна Гора | |
Метаморфозис од Северна Македонија | |
ИСАК фонд од Србија |
Истражувачки написи, прикажувајќи работа од
- ЦДТ (Црна Гора)
- Internews Косово (Косово)
- СКУП (Северна Македонија)
- Мета.мк / Порталб / Вистиномер (Северна Македонија)
Публикации:
Придружете ни се на социјалните мрежи: Фејсбук и Твитер
Настани за застапување:
- Конференција за градење отпорност на дезинформации(20.06.2023 година во Скопје) – фотографии, видеа
- Конференција ПОИНТ(16-17.06.2023 година во Сараево)
- Недела на проверка на факти во Западен Балкан(02-06.04.2023)
- Регионална конференција во Тирана(06.04) – фотографии, видеа 1, 2, 3.
- Меѓународна конференција „Дигитална трансформација за граѓаните“ во Скопје (4-5.04.) вклучувајќи панел „Како да се изгради отпорност на хибридна војна? – најаваагенда, фотографии, видео, вести;
- Меѓународна конференција е-Општество.mk „Кибер отпорност за слобода и безбедност“ (6-17.12.2022, Скопје) вклучувајќи панел „Безбедносни закани за демократијата и европските напори во борбата против дезинформациите“ – најава, агенда, фотографии: 1, 2; видеа: 1, 2; вести: 1, 2, 3, 4, ;
- Денови на медиумска писменост: Различностите и дезинформациите во Западен Балкан (31.11.2022) – најава, видео
- Конференција ПОИНТ (2-3.06.2022, Сараево) вклучувајќи панел Приказни од регионот и пошироко– најава, агенда, видео
- Конференција „Справување со дезинформации во Република Северна Македонија“(31.05.2022, Скопје) – фотографии, видео
- Меѓународна конференција е-Општество.mk „Демократијата во дигиталната ера: Предизвици и можности“(30.11-03.12.2022 година, Скопје) вклучувајќи сесии „Дезинформациите и заканата за демократијата“ – соопштение, фотографии, видеа 1, 2; вести;
Специфични цели
- Зголемување на капацитетот на новинарите и медиумите да идентификуваат, документираат, известуваат и разоткриваат странски малигни влијанија;
- Едуцирање на јавноста за природата и ефектите на дезинформациите под влијание на надворешни актери;
- Залагање за зголемена јавна дебата и зголеме интерес за конструктивни политички мерки
- Развивање модел за справување со дезинформации од странски малигни извори
Целни групи
- Општата јавност како група која е најпогодена од странските малигни влијанија;
- Национални и регионални редакции и новинари;
- Граѓански организации
- Јавни/државни институции вклучени во борбата против малигните странски влијанија.
Очекувани резултати
- Зголемена свест и јавно знаење за дезинформационите екосистеми во Западен Балкан, преку обезбедување инфраструктура за рано предупредување, заснована на податоци.
- Производство на информативни и едукативни медиумски содржини за разоткривање дезинформации врз основа на иновативна методологија заснована на податоци за идентификување, следење и изложување на странски малигни влијанија.
- Создавање повеќестрана мрежа составена од претставници од граѓанско општество и медиумски организации, вклучително и проверки на факти и вести, тинк-тенк и други заинтересирани чинители, која служи како платформа за заедничко медиумско покривање, следење на медиумите и градење капацитети.
- Современ модел за справување со дезинформации, базиран на методологија за препознавање и известување за странско малигно влијание во регионот на Западен Балкан (Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово) применлив надвор од регионот каде што е развиен, особено на места каде таквото токсично влијание не добива соодветно внимание од страна на медиумите и политичкиот врв.
Проектни активности
- Развој на регионална инфраструктура заснована на податоци за рано предупредување која ќе служи за спречување на штетното влијание во регионот од кампањи за дезинформации кои потекнуваат од странски актери.
- Watchdog journalism– производство на висококвалитетни новинарски содржини во вид на рецензии, анализи и истражувачки стории.
- Истражувањефокусирано на мапирање, документирање и објаснување на местата на малигно странско влијание во секоја земја и ЗБ како целина. Собирање и анализа на податоци што ќе резултира со создавање инфраструктура за рано предупредување управувана од податоци, фокусирана околу базата на податоци.
- Јавно информирање и застапување– ангажирање на општата публика и зголемување на свеста преку промотивна кампања за едукација на јавноста и информирање преку социјалните медиуми; придонесување за промена на политиката преку консултации за застапување и јавни настани на кои се собираат релевантните засегнати страни за да се зголеми нивната свест и ангажман во јавната дебата за малигните странски влијанија.
Времетраење на проектот: 3,5 години (42 месеци)
Финансиска поддршка: Кралство Холандија
Партнери на проектот – членови на основната мрежа:
- Фондацијата Метаморфозис (водечка организација) од Северна Македонија, основач на сервисот за проверка на факти, Вистиномер (Truthmeter на англиски, Vertetemates на албански), Новинска агенција Мета.мк и портал за вести на албански јазик Portalb.mk;
- Центар за меѓународни и безбедносни прашања ISAC, тинк-тенк од Србија
- Зашто не (Why not) од Босна и Херцеговина, основач на сервисите за проверка на факти Istinomjer.ba и Raskrinkavanje.ba (fcs)
- Центар за демократска транзиција од Црна Гора, основач на сервисот за проверка на факти Raskrinkavanje.me (fcs)
- Faktoje.al, сервис за проверка на факти од Албанија
- Sbunker.net, Медиумска издавачка организација од Косово