Видеоигра прикажана како доказ за супер маневрите на руската авијација

Published on:

Видеото во постот не покажува никакви супер маневри на руската авијација, туку станува збор за видеоигра и симулација на т.н. кобра маневар. ДЦС е акроним за Digital Combat Simulator, видео игра која симулира воздушна борба

 

 

Пост на Фејсбук споделува видео на кое се гледа како борбен авион слетува на носач на авиони и истото се промовира како доказ за импресивните маневри на руските пилоти.

Попладне
Руската Авијација на Најако, стои во постот.

Проверката на Гугл покажува дека станува збор за видеоигра, а не за маневри на руската авијација.

Видеото е објавено на социјалната мрежа Тик-Ток со наслов „ДЦС: Кобра (успешно) слетување на Су-27 на носач на авиони“ и истото има хаштаг „симулација“.

ДЦС е акроним за Digital Combat Simulator, видео игра која симулира воздушна борба.

Су-27 е тип на борбен авион од советско потекло, кој навистина постои. Врз основа на него е дизајниран моделот Су-27 во видео играта DCS, кој играчите можат да го купат за 14,99 долари.

Маневарот Кобра, чија симулација е прикажана на видеото, е вистински маневар. Теоретски, може да се користи за моментално запирање на леталото, предизвикувајќи бркач да помине пред него, како на видеото споделено во постот, но едвај се користи за слетување на намалената писта на бродот. Главно се изведува на аеромитинг и нема документирани случаи да се користи во вистинска борба.

Не е првпат клипови од видео игри да се прикажуваат како да се вистински настани од војната во Украина. Во февруари 2022 година, самото Министерство за одбрана на Украина објави видео создадено со DCS како да е снимка од војната.

Од сето ова може да се заклучи дека видеото во постот не покажува никакви супер маневри на руската авијација, туку станува збор за видео игра и симулација на т.н. кобра маневар. Поради тоа, постот што го анализираме го оценуваме како невистинит.