Египетскиот државен обвинител Хишам Баракат е повреден откако е фрлена бомба на неговото возило, а одговорност за нападот презела мала група која се нарекува „Народен отпор на Гиза“.
Египетската државна новинска агенција јави дека Баракат добил полесни повреди во експлозија на бомба која погодила конвој на возила, меѓу кое и возилото на обвинителот.
Во нападот повреден е член на обезбедувањето на обвинителот, по што двајцата се пренесени во болница.
Баракат по соборувањето на поранешниот египетски претседател, Мохамед Морси, во 2013 година, на суд има испратено повеќе од илјада исламисти, а стотина од нив беа осудени на смрт.