Оваа сторија од Ардит Кика беше изворно изработена за и објавена од Kosovo 2.0 како дел од проектот Western Balkans Anti-Disinformation Hub project. Таа е реобјавена овде со дозвола.
Србија, Русија и Кина се главните носители на дезинформации за и во Косово. Публиката што зборува српски е повеќе погодена од дезинформациите од српските и руските медиуми, додека кинеската е насочена кон публиката на албански јазик, која го сочинува мнозинството од населението во Косово, пишува „Косово 2.0“ во својата анализа.
На 02.11.2022 година објавено е видео од приватен дом за стари лица во Пеќ. На него се гледа медицинска сестра, млада жена, како му удира шлаканица на старец и го треснува со коленото во ѕидот. Понижувајќи ја на шега, таа ја удира старицата за која треба да се грижи. Се слуша смеење на нејзините колеги. Постарата жена силно плаче и ги моли да престанат. Оваа низа малтретирања брзо се прошири на социјалните мрежи и стана вест на неделата во Косово и пошироко, се вели во истрагата на К20 на новинарот Ардит Кика.
Во Србија некои медиуми објавија за случајот и тврдеа дека оваа повозрасна жена е Србинка, која била нападната од Албанка. Со тоа што постарата жена која е Албанка, стана Србинка, овој тип на известување го означи како меѓуетнички инцидент, настан кој нема врска со етничката припадност.
Ова е само еден од многуте случаи кога српските медиуми обоија различни случувања со етнички елементи, или за поттикнување тензии или како резултат на копирање на написи без нивна проверка. Ова особено се случува со оглед на често тензичните односи меѓу Косово и Србија.
Овие околности предизвикаа една од доминантните рамки на дискусија, често со цел да се дезинформира, да се развие во наративот дека нивните животи се неиздржливи поради Албанците и државните власти на Косово.
Но, Србија не е сама. Заедно со Русија и Кина, вклучително и медиуми блиски до властите на овие земји, овие три земји се главните носители на дезинформации за и во Косово. Публиката што зборува српски е повеќе погодена од дезинформациите од српските и руските медиуми, додека кинеската е насочена кон публиката на албански јазик, која го сочинува мнозинството од населението во Косово.
Сепак, кампањата за дезинформација на овие земји во Косово е дел од глобалното информативно растројство. Дезинформациите сега се дефинирани како „оружје“ од страна на „надворешни сили со лоша намера“. Како такви, дезинформациите се повеќе се користат во дигиталниот информациски простор за да ги поткопаат демократиите ширум светот или да предизвикаат различни политички или социјални немири.
Иако, целта на дезинформативните кампањи на Србија и Русија во Косово се разликува од кампањата на Кина, сите три укажуваат на лесното пробивање на овие кампањи во информативните простори на Косово.
Повеќедимензионални дезинформации од Србија
Од 2011 година меѓу Косово и Србија се води дијалог со посредство на Европската унија (ЕУ), со цел нормализирање на односите. Иако, од овој дијалог произлегоа повеќе од 30 договори, тие во голема мера моментално не се спроведуваат. Ова предизвика односите меѓу Косово и Србија често да бидат напнати.
Запаливите и конфликтни вести, со неосновани тврдења, особено за косовските Срби, се чести и постојано продираат во српските медиуми. Изворот на овие дезинформации често се претставници на Владата на Србија.
Овој тип на кампања станува присутен особено кога има случувања на северот на Косово. Судирите меѓу Косово и Србија – предизвикани од напорите на Косово да ја потврди својата државност и напорите на Србија да ја одржи својата моќ во четири општини со мнозинско српско население во северно Косово – често добиваа форма на тензии.
Во јуни 2022 година, Владата на Косово донесе одлука за постепено забрана на српските регистарски таблички со акроними на косовски градови. Демонстрантите ги забарикадираа двата патишта кои го поврзуваат северот на Косово со Србија, а барикадите и вооружените групи ја нападнаа косовската полиција. Во ноември, припадниците на српската заедница поднесоа оставки од косовските јавни институции, вклучувајќи полицајци, обвинители, судии, вработени во институциите на северот, градоначалници на општини и членови на Српската листа од косовското Собрание, а со недели имаше барикади.
Шефот на т.н. Канцеларија за Косово и Метохија во српската влада, Петар Петковиќ, беше особено активен со изјави во кои посочува дека тензиите на северот на Косово се предизвикани од косовската власт која била желна за крвопролевање, од кое би страдале Србите.
„Нема да дозволиме погром против нашиот народ (нација)“, рече тој на крајот на минатата година на Радио телевизија на Србија (РТС), користејќи го терминот што ги опишува масакрите, депортацијата и уништувањето на имотот што го доживеале Евреите од Европа во текот на XIX и XX век.
Стотици слични вести од српските медиуми, платформата за проверка на факти Hibrid.info, ги категоризираше како дезинформации, непроверени, па дури и конспиративни. Оваа платформа од 2020 година го следи навлегувањето на дезинформации во Косово и актерите кои стојат зад тоа, вклучително и оние од Србија.
„Предводи Канцеларијата за Косово во Владата на Србија со нејзиниот директор Петар Петковиќ; одвреме-навреме тоа е и претседателот Александар Вучиќ“, изјави Шкелзен Османи, шеф на Hibrid.info. Според него, кога ситуацијата на северот на Косово е напната, наративот за дезинформации се заснова на тврдења дека косовските институции планираат да ги протераат србите од Косово.
Во текот на минатата година, без никакви аргументи во официјалните изјави, а потоа и во извештаите во српските медиуми, се тврдеше дека институциите на Косово имаат список од 230 Срби, кои имаат намера да ги уапсат. Други тврдеа дека премиерот на Косово, Албин Курти, сака почеток на војна со Србија во март 2022 година и дека Курти побарал зголемување на бројот на германски војници во мисијата на НАТО во Косово, КФОР, за да војуваат против Србите на север. Претседателот Александар Вучиќ е познат по тоа што таргетира одредени политички поединци преку говор на омраза.
На 1 декември 2022 година, тој го нарече премиерот Курти „терористичко ѓубре“. Вучиќ му се налути на Курти откако го назначи Ненад Рашиќ за министер за заедници и враќање и откако Рашиќ ја назначи за советничка Рада Трајковиќ. И двајцата не се поддржувачи на Вучиќ и на неговата партија. Тој, исто така, ги нарече Рашиќ и Трајковиќ терористички ѓубриња во петминутното интервју за вестите на српската телевизија „Пинк“, кое го сподели и на неговиот канал на Јутјуб.
Според Абит Хоџа, истражувач за медиумска продукција и конфликтни вести на Универзитетот Адгер во Норвешка, обидот, во овој случај, е да се нормализира јазикот на омраза против Косово и неговото раководство.
„Употребата на говор на омраза во комбинација со обвинувањата што српската држава ги упатува кон раководството на Косово, како во случајот со Курти, но и Рашиќ и Трајковиќ, има за цел, прво, да создаде негативна перцепција кон овие личности“, вели. Хоџа.
Цел на дезинформациите од Србија се и косовските Срби. Оваа заедница се наоѓа во информативен простор одвоен од косовските Албанци, се информираат од медиумите на српски јазик, во голема мера и од медиумите кои имаат уредувачка политика на провладина линија со Србија.
Татјана Лазаревиќ, уредничка на порталот Косово Север – КоССев, портал на српски јазик, вели дека Србите биле главна цел на дезинформации во текот на тензиите на северот во текот на 2022 година.
„Граѓаните беа изложени на пропагандна војна меѓу политичките и институционалните структури на Србија и Косово, која се водеше преку медиумите и социјалните мрежи за време на последователни кризи на северот во текот на 2022 година. Тие што беа најпогодени, кои беа граѓаните на север, беа најизложени“, вели Лазаревиќ.
Просторот што овие дезинформации ги зафаќааат кај српската публика на Косово го шират и локалните српски медиуми во Косово. Повеќето од нив, според Лазаревиќ, безусловно ја поддржуваат Владата на Србија. Како што се вели во изјавата, независните медиуми на српски јазик во Косово се малцинство и мали поради малиот медиумски пазар за нив.
Во овие околности, платформата Hibrid.info беше наголемо вклучена во еден од најпопуларните случаи кога станува збор за дезинформации минатата година, а тоа беше настанот во домот за стари лица во Пеќ.
Тогаш порталите на српски јазик како Alo.rs известуваа за случајот под наслов „НАСИЛСТВО ВО ДОМОТ НА СТАРИ – Албанската медицинска сестра ја тепа и малтретира постарата Србинка (ВИДЕО)“. Поднасловот беше „Се зголемуваат инцидентите во домот за стари лица“.
Дента кога се обелодени дезинформацијата дека постарата жена е Србинка, Hibrib.info веднаш се обврза да ги алармира своите организации за верификација во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Во ревидираната верзија на веста на Ало.рс се вели „Во оригиналниот текст беше кажано дека постарата жена е од српска националност, што по анализата на порталите за проверка на фактите, raskrinkavanje.me и raskrinkavanje.rs се испостави дека е лажна вести. Го сменивме насловот и сега ги има точните информации“.
Покрај Србите од Косово и Србија, дезинформативните кампањи против Косово се насочени и кон меѓународната публика. Измислицата во која се вели дека постарата жена е Србинка стигнала до шпанските медиуми Telecico.es и Marca.com само ден по нападот. За да дојде до јавна побивање на веста во Шпанија, Османи од Hibrid.info испрати куп податоци до шпанските проверувачи на факти Малдита и Неутрал. Помеѓу другото, тој ги испрати интервјуата на постарите членови на семејството дадени за косовските медиуми и личните податоци на жртвата дадени од Министерството за внатрешни работи на Косово. До демантирањето на веста, Османи во период од една недела разменил околу 30 мејлови со шпанските проверувачи на факти.
Шпанските колеги побараа од Османи повеќе докази од регионалните за лажните вести.
„Имавме поголеми потешкотии со шпанските проверувачи на факти, бидејќи тие не го знаат контекстот на Косово или знаат многу малку. Не знаат дека лицето со име на жртвата мора нужно да е Албанец, само затоа што има такво презиме“, вели Османи.
Сепак, му се чуствува задоволството што статијата е веќе поправена.
„Ефектот е видлив затоа што тие медиуми веќе ја немаат таа [дезинформација] и како резултат или ја немаа [ја отстранија] или ја коригираа. Во моментот кога некој ќе направи онлајн пребарување за одредени прашања за Косово и одеднаш наиде на таков напис, тоа веќе не е дезинформирачко, туку информативно“, вели Османи.
Дезинформации за нападот на Српската православна црква
Институција која често е мета на дезинформации од српските медиуми е Српската православна црква и другите српски верски простори на Косово.
Српската православна црква е особено актуелна, особено кога се зема како основа дека таа продолжува да биде важен дел од динамиката меѓу Косово и Србија.
Во однос на Србија, Православната црква има политичка тежина бидејќи нејзините претставници и понатаму гласно го сметаат Косово како дел од Србија, придржувајќи се до доминантниот српски институционален наратив кој ја негира независноста на Косово.
Оваа црква целосно ја отфрла комуникацијата со актуелната Влада на Косово, повикувајќи се на тоа дека не се спроведува пресуда на Уставниот суд за враќање на земјиштето во сопственост на Дечанскиот манастир.
И по помирувањето на Косово и Србија за специјалниот статус на Православната црква и заштитата на српското верско и културно наследство на Косово во согласност со европските модели, пораките на Црквата не се сменија во однос на Косово. Во честитката за православниот Велигден во април годинава, Патријархот Порфириј рече дека „отуѓувањето на Косово и Метохија од страна на државата Србија, директно или индиректно, де факто или де јуре, е неприфатливо“.
Годинава и минатата година во медиумите во Србија беа објавени дезинформации за сквернавењето на српските верски објекти или дури и конспиративни кои шират страв за можно згаснување на СПЦ на Косово.
Во јануари 2023 година, српските медиуми „Б92“, „21.рс“, „Информер“ и телевизијата „Прва“ објавија за некои графити на албански јазик во црквата „Свети Сава“ во Крагуевац, Србија, дури велејќи дека на еден од нив пишувало „Србија е срцето на Албанија“. Веста се покажа како неточна, бидејќи на ѕидот на црквата Свети Сава нема графити на албански јазик.
Написите со спреј биле на англиски и српски јазик со исклучок на „Алаху Акбар“ („Господ е голем“ на арапски), како што може да се види од видеото од репортажата од терен на новинарот на телевизија „Прва“, Богдан Врањешевиќ.
Порталот „Б92“ кој ја дистрибуираше веста не го смени поднасловот за дезинформација, додека „21.рс“ го смени, што укажува дека нема графити на албански јазик. Подобрувањето е направено, како што пишува во ажурираниот текст на веста, откако платформата за проверка на факти во Србија, FakeNews Tragač, потврди дека графитот не е на албански јазик.
Имаше и вести дека постои таен план на институциите на Косово за гаснење на Православната црква. На пример, годинава на 25 јануари Владата го изгласа предлог-законот за верски заедници. Во тој закон беа предвидени критериумите и роковите за регистрација на верските заедници во Косово.
И покрај тоа, српскиот портал „Ало.рс“ повторно објави напис од Газета експрес со наслов „Што предвидува новиот Предлог-закон за верски слободи на Косово“. (кој е препишан од написот на Радио Слободна Европа), но „Ало.рс“ го смени насловот во „Откриен злобниот план на Курти: Албанците сакаат згаснување на КПЦ!“
Во ниту еден ред од оригиналниот напис, во ниту една изјава, ниту од претставникот на Призренско-рашката митрополија, Милош Периќ, не пишува дека предлог-законот предвидува згаснување на православната црква, како што е насловот на „Ало.рс. “.
Според Османи од Hibrid.info, производот на вакви вести не се прави редовно, туку одвреме-навреме зафаќа простор во српските медиуми блиски до власта во Србија.
Дезинформациите од Србија за Косово го користат речиси секој развој на Косово – од политички случувања до оние случувања кои немаат никаква врска со Србија.
Русија — информативен сојузник на Србија во дезинформациите
Русија се ангажираше во тековни напори за создавање и ширење дезинформации што би можеле да ги поттикнат тензиите ширум светот. Ова вклучува користење на социјални мрежи и онлајн форуми за ширење лажни наративи и пропаганда, промовирање теории на заговор и создавање приказни за дезинформации. Кампањите за дезинформации на Русија се поврзани со неколку големи светски настани како што беа изборите во САД во 2016 година и војната во Сирија.
На Западен Балкан, руските кампањи за дезинформации најмногу одат кон и преку Србија, која има најблиска политика до Русија од целиот регион, а и двете се насочени кон сите други држави. Обидот на Русија да влијае на информациските простори на Балканот нашироко се гледа како обид да ги оддалечи овие земји од нивната евроатлантска насока, да ги усогласи со Русија или да предизвика немири. Истото се случува и во Косово.
Русија се противи на независноста на Косово и ја поддржува Србија во нејзиното противење на суверенитетот на Косово. Србија тврди дека е историско пријателството со Русија и е единствената земја во Европа која јавно се спротивстави на санкциите против Русија по нејзината инвазија на Украина во 2022 година. Овие врски се јасни и можат да се видат и од начинот на кој руското Министерство за надворешни работи зборува за Србија и Косово.
На пример, првото коминике поврзано со Косово на веб-страницата на Руската Федерација на англиски јазик датира од 19 септември 2001 година. Коминикето е свечена декларација по терористичките напади на близначките кули во Њујорк на 11 септември, каде што загинаа 2.996 луѓе. Изјавата лажно имплицира и дека Албанците ги извршуваат истите терористички акти во Косово и во Македонија.
Според директорот на КИПРЕД, Љуљзим Пеци, Србија и Русија имаат слични наративи во однос на Косово.
Според Пеци, четирите главни наративи што ги имаат заеднички во нивната кампања за дезинформации се: претставување на независноста на Косово како меѓународно нелегална;
претставување на Косово како криминална држава, која врши насилство и угнетување врз српската заедница и СПЦ;
манипулација со историските наративи за конфликтите во поранешна Југославија преку надувување на бројот на српските жртви;
поткопување на улогата на САД и земјите од ЕУ во градењето на државата на Косово.
Во контекст на војната во Украина, според него, насилниот конфликт во Косово и одговара на Русија.
„Русија нема за цел да ги заштити Србите на Косово, туку да го дестабилизира Косово и да започне конфликт, кој потоа ќе им служи“, рече Пеци. „Тоа е одвраќање бидејќи тогаш Западот ќе мора да работи на два фронта… Русија нормално сака да види конфликт и нормално ја поттикнува оваа работа, а од друга страна да го претстави Западот како неспособен да управува со ситуацијата на Косово“.
Според извештајот на организацијата „Демократија плус во Косово“, најголема ранливост на дезинформации има заедницата на косовските Срби поради позитивната перцепција кон Русија и Кина.
Во овој извештај, во кој се оценува ранливоста на дезинформации во Косово, се заклучува дека: „…српските граѓани на Косово имаат понеповолен поглед кон западните сили и повеќето од нив не би гласале за членство ниту во ЕУ, ниту во НАТО. За разлика од косовските Албанци, мислењето на косовските Срби за Русија и Кина е позитивно“.
Откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година и по зголемената загриженост во Европската унија (ЕУ) за провоената пропаганда на руските медиуми, Косово, исто како и земјите-членки на ЕУ, минатата година ги забрани руските медиуми блиски до Кремљ. „Русија денес и Спутник се суштински и важна алатка што ја турка напред руската агресија во Украина преку континуирана и организирана дезинформации и манипулации со информации“, оцени тогаш Европската комисија.
Првично, Независната комисија за медиуми (IMC) на Косово ги обврза сите дистрибутивни оператори да престанат да емитуваат канали од руско потекло како „Русија денес“, „Русија 24“, „Планета РТР“ и „Русија денес доц“. По околу еден месец, Регулаторната управа за електронски и поштенски комуникации (АРКЕП) им наложи на интернет операторите да ги блокираат домените на порталите „rt.com“, „francais.rt.com“, „sputniknews.com“, „sputniknewslv“.com“, „sputniknews.gr“, „sputniknews.cn“ и веќе се недостапни на обичната мрежа.
Но, според Османи од Hibrid.info, неможноста за пристап на косовските читатели преку пропагандни и дезинформациски медиуми на надворешни сили нема да постигне голем ефект, бидејќи секој што може да пристапи на Интернет има начини да ги отвори нивните страници, на пример преку виртуелна приватна мрежа (VPN), која овозможува шифрирана онлајн врска без оглед на локацијата.
АРКЕП не донесе нова одлука кога „Русија денес Балкан“ ги отвори новите портали „Рт.рс“ и „Спутникпортал.рс“. „Спутник“ и „Русија денес“ никогаш немале портал или телевизија на албански јазик, кој го зборува мнозинството од населението во Косово. Од инвазијата на Украина, руските медиуми ги зголемија опциите за српски јазик. Србија, пак, даде зелено светло за операции во медиумската сфера, не воведувајќи санкции за ниту еден руски медиум.
„Отворивме RT Балкан. Затоа што Косово е Србија“, напиша Маргарита Симонјан, главниот уредник на „Русија денес“, на својот Твитер профил во ноември 2022 година, кога беше отворен новиот медиум во Србија.
Во декември 2022 година, кога ќе се отстранат барикадите на северот на Косово, во „Русија денес“ се пропагираше можноста за повторување на воената операција „Бура“ (Бура) од 1995 година за време на војната во Хрватска. Во оваа операција, Хрватска повторно зазеде 18% од територијата во регионот на Краина што ја изгуби од Србија на почетокот на војната, а според Хелсиншкиот комитет, хрватската армија убила 410 српски цивили и протерала околу 200.000 од нивните домови.
Руските медиуми, дури и во време кога немаше видливи тензии на северот на Косово, без докази тврдеа дека улогата на силите на НАТО и западните земји е да предизвикаат криза на Косово и да поттикнуваат насилство врз српската заедница. Напротив, земјите од ЕУ и НАТО постојано повикуваат на намалување на тензиите и ги ангажираат Косово и Србија во дијалог олеснет од ЕУ за решавање на нерешените проблеми меѓу нив.
Во декември 2022 година, Косово поднесе барање за членство во ЕУ. Во меѓувреме, пет руски портали на арапски ги дезинформираа своите читатели за законитоста на апликацијата на Косово. Проект на ЕУ, „ЕУ вс ДИСИНФО“, идентификуваше написи во кои лажно се тврди дека поднесувањето на апликацијата на Косово е спротивно на забраната за аплицирање до меѓународните организации договорена со она што е познато како Вашингтонски договор во Белата куќа меѓу Косово и Србија во септември 2020 година.
Една од точките на Договорот од Вашингтон, што тогаш беше потпишан од претседателот Вучиќ и поранешниот премиер на Косово Абдула Хоти, предвидуваше дека Косово нема да поднесе барање за членство во меѓународните организации до 4 септември 2021 година, во замена за прекин на кампањата на Србија за повлекување на признавањето на Косово. Спротивно на она што го тврдеа руските портали, мораториумот на апликацијата до меѓународните организации, како што нашироко го нарекуваат косовските медиуми, не бил на сила во 2022 година кога Косово ја доставило апликацијата до ЕУ.
За Пеци од КИПРЕД ова е трет наратив поврзан со оцрнување на улогата на меѓународната заедница во Косово.
„Војната против Западот се води преку Косово. Агресивноста (на руската дезинформации), има повеќе врска со Западот отколку со Косово“, вели тој. „Да не заборавиме дека има за цел да влијае и на глобалното мислење воопшто“.
Според него, интересите на Србија и Русија не се исти, но често се преклопуваат кога е во прашање Косово.
„На Србија и треба Русија да се бори против Косово, на Русија и треба Србија за да го дестабилизира регионот“, вели Пеци. „На Србија и треба Русија да го блокира Косово во меѓународните институции и да не заборавиме дека Србија и Русија заедно лобираа за де-признавање на Косово… Тие се разликуваат во однос на најавите затоа што Србија има приоритет на борбата за Косово, додека Русија на борбата против Западот“.
Кина спонзорира вести на албански јазик
Видеото со наслов на албански јазик и спонзорирано од кинескиот медиум Радио „Ејани“ го прикажува незадоволството на дел од европските граѓани за инфлацијата што ја оптоварува глобалната економија. Нивниот економски стрес, според објавеното видео, е предизвикан од санкциите што ЕУ и ги воведе на Русија за да ја осуди инвазијата на Украина.
Во описот на видеото, на кое се појавуваат демонстранти во Молдавија и Германија, пишува: „По избувнувањето на руско-украинскиот конфликт, ЕУ воведе санкции кон Русија, но самите санкции предизвикаа и недостиг на енергија и зголемена инфлација во Европа“. Понатаму, демонстрантите предлагаат да се најде дипломатско решение со Русија и ЕУ да престане да ја поддржува Украина со оружје.
Иако Народна Република Кина е жесток противник на независноста на Косово и е претставена на Косово со Канцеларија за врски, исто како и Русија – Радио „Ејани“ исто така е насочено кон албанските говорници на Косово. Со седиште во Тирана, со која Кина за прв пат воспостави дипломатски односи пред седум децении, овој медиум е во државна сопственост.
Меѓу првите спонзорирани вести на Фејсбук на кинескиот портал на албански јазик беше промовирањето на лидерот Си Џинпинг, прикажувајќи ги неговите посети на жителите погодени од Ковид-19. Иако, на почетокот на 2019 година, содржината беше главно пополитичка, таа неодамна се прошири за да вклучи повеќе информации за економијата и културата на Кина, а главно ги истакнува официјалните пропагандни наративи на кинеската влада.
На пример, во февруари 2022 година, беше објавена вест за регионот Ксинџијанг, претставувајќи го како место за песна и ора. Но, токму овој регион, дом на околу 12 милиони претежно муслимански Ујгури, ја стави Кина во центарот на многу меѓународни критики за нејзиното угнетување на Ујгурите, вклучувајќи ги и обвинувањата за злосторства против човештвото и можен геноцид. Во описот на спонзорираното видео на албански јазик пишува „Ксинџијанг е регион на песни и ора. Ние Ујгурите отсекогаш сме биле познати како националност што знае да танцува и пее“. Од 2019 година до почетокот на 2022 година, на оваа страница има над 40 спонзорирани вести во Косово.
Друг кинески државен медиум, CGTN, го користи истиот метод, но и спонзорирајќи содржини на англиски јазик. Од видеа со слатки панди и младенчиња тигар, до материјали за војната во Украина, до говори и состаноци на Си Џинпинг, CGTN плаќа за публиката во Косово.
Веб-страницата на CGTN прикажува 440 спонзорирани материјали во периодот мај 2019-февруари 2022 година. И во спонзорствата на CGTN и оние на други кинески државни медиумски сајтови на англиски јазик, може да се види дека само мал дел од вестите имаат реклами во очите на читателите, без да откријат дека изворот на веста е кинески државен медиум.
Во извештајот на Националниот демократски институт (НДИ) со седиште во САД се споменуваат фокус групи со косовски новинари, кои зборуваат за косовските медиуми финансирани од Кина. Иако не се споменуваат конкретни медиумски имиња, има случаи каде што може да се види дека има написи во косовските медиуми каде што се објавуваат содржините на кинеските државни медиуми. Сепак, вмешаноста на кинеските државни медиуми во Косово се идентификува преку социјалните мрежи каде се спонзорираат вестите кои доаѓаат од кинеските медиуми.
Синалогот Ана Кристиновска, истовремено директорка на организацијата „ЕСТИМА“ во Северна Македонија, организација која собира експерти и консултанти со знаење од Западен Балкан, Кина и ЕУ, вели дека вестите како што е видеото со европските граѓани кои беа незадоволни од фокусот на Украина, се дел од официјалниот кинески наратив. Таа го гледа видеото со протестите како проекција на надежта на Кина дека европските земји ќе ја променат својата политика на поддршка кон Украина.
„Затоа, тие се надеваат дека европските влади некогаш ќе ги променат своите политики (на пример, санкции и вооружување на Украина), како резултат на јавното незадоволство и влошување на нивната внатрешна ситуација“, рече Кристиновска.
Презентирањето на САД во содржините на кинеските државни медиуми во европските земји, според неа, е такво што ја поттикнува недовербата на Европејците кон САД. Кристиновска вели дека целта на Кина во контекст на војната во Украина е раздорот ЕУ-САД.
„Она што тие се обидуваат да го направат е да ги изберат настаните и аргументите што им одговараат, оние што можат да ги вртат на начин што ќе го поддржат нивниот наратив: дека САД се неодговорни кон остатокот од светот и дека европските земји не треба да ги следат политиките на САД и дека треба да ја разберат и да преговараат со Русија“, вели Кристиновска.
Врз основа на различните извори на дезинформации во Косово и околу Косово, Османи од Hibrid.info смета дека институциите на Косово треба многу повеќе да се посветат на сеопфатна едукација за медиумите, дигиталните медиуми и критичкото размислување.
„Утре е доцна, мора веднаш да ги имплементираме“, вели тој.
Извештаите на невладините иницијативи помагаат да се разберат формите на нарушување на информациите поврзани со Косово. Сепак, нема систематизиран податок кој ги покажува дезинформационите кампањи на надворешните актери против Косово како држава и оние упатени до публиката во Косово.
Недостигот на податоци и посветеноста на креаторите на политиките на ова поле го доведуваат Косово во непријатна положба, бидејќи нема механизми кои ќе им помогнат на граѓаните да се заштитат од нарушување на информациите, ниту јасни одговори и контра-одговори на дезинформациите против Косово во светот на дигиталниот простор.
Овој напис е напишан во партнерство со регионалната иницијатива Western Balkans Anti-Disinformation Hub, имплементирана од Фондацијата Метаморфозис, со финансиска поддршка од Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија. Содржината на статијата е единствена одговорност на Косово 2.0 и не задолжително ги одразува ставовите на партнерите и поддржувачите на проектот.