Американскиот сенат ја блокираше расправата за предлог-законот за ставање крај на масовното собирање податоци за телефонските повици во САД, кое го врши Националната безбедносна агенција (НСА). Ваквиот чекор претставува силен удар за напорите на претседателот Барак Обама да го ограничи масовното прислушување во земјата.
За расправата гласаа 58 сенатори, а против предлогот беа 42. Потребни беа уште два гласа повеќе за, според процедуралните правила на Сенатот, да се одржи дебата.
Сенаторите гласале во согласност со ставовите на своите партии, па така мнозинството демократи го поддржаа споменатиот предлог, додека републиканците гласаа против него. Претходно, претставничкиот дом, во кој мнозинството го имаат републиканците, усвои закон за работата на НСА предложен од републиканците.
Доколку Сенатот го усвоеше предлог-законот за прислушување, НАС ќе мораше да добие судски налог секојпат кога ќе посака да направи анализа на снимките што можат да послужат во истрагите на случаите поврзани со тероризам и да бара податоци од телефонските оператори.