Во руски воздушен напад загинаа 45 лица во Сирија

Published on:

Најмалку 45 лица загинаа во воздушен напад на руските сили во северната сириска провинција Латакија, наведува Сириската опсерваторија за човекови права.

Во соопштението на организацијата со седиште во Лондон се наведува дека меѓу убиените е и еден командант на бунтовниците, како и повеќе цивили и членови на семејствата на бунтовниците.

Директорот на опсерваторијата, Рами Абдулрахман, наведе дека командантот на бунтовниците бил началник на штабот на групата Прва крајбрежна дивизија, која дејствува во состав на бунтовичката Слободна сириска војска.

– Во нападите се повредени повеќе десетици луѓе, а се очекува дека бројот на загинати ќе се зголеми затоа што дел од повредените се со тешки повреди, опасни по живот – рекол Абдулрахман.

Провинцијата Латакија, во која се наоѓа родното село на претседателот на Сирија, Башар ал-Асад, е упориште на сирискиот режим, но дел од територијата држи и опозицијата.

Лакатија е клучна мета на руските воздушни напади откако официјална Москва на 20 септември почна кампања за напади во Сирија.