Буквата Z нема апсолутно никаква поврзаност со симболите на православната религија, ниту со светото тројство. Ваква теорија никогаш не е споделена во јавноста, ниту пак, кој било од руска страна некогаш ја споделил како вистинита. Исто така, сосема е неточно тврдењето дека „Z” е древен православен христијански симбол. Нема никаков податок дека во православното христијанство оваа буква, на латиница, има некакво значење. Според објаснувањето на руско министерство за одбрана кое после низата шпекулации, на својот канал на Инстаграм објави дека Z означува „За победу“ („за победа“), а V „моќта на вистината“
Објава на социјалната мрежа Фејсбук невистинито тврди дека ознаката „Z“ кај руските борци што се борат во војната во Украина е христијански симбол.
Што значи амблемот и ознаката „Z’, што гордо го истакнуваат руските борци.?
„Z” е древен православен христијански симбол; многу важно за словенските народи бидејќи обезбедува заштита од мрачните сили.
Горната лента на буквата „Z” го претставува Небото и Бога.
Долна: Земјата и Синот.
Дијагонала: на Светиот Дух кој истовремено се спојува и го затвора просторот помеѓу небото и земјата, спречувајќи навлегување на злото.
Овој антички симбол е најстарата словенска молитва која денес се практикува како: „Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, Амин”.
Затоа го мразат и сакаат да се ослободат од него”.
РУСИЈА+МАКЕДОНИЈА, пишува во објавата.
Повеќе од две години поминаа откако Русија ја започна својата воена агресија врз Украина која е самостојна и суверена земја. Како што започна инвазијата на Русија, беше забележана воена опрема испишана со симболот „Z“ како и други букви, вклучувајќи O, X, A и V. Буквите што се гледаат на хардверот обично беа врамени со квадрати, триаголници и други обоени форми. Симболот „Z“ првично беше забележан на руските тенкови и други воени возила, но тој брзо беше прифатен и надвор од воената зона како знак на поддршка за руската инвазија на Украина. Оваа буква „З“ на латиница, освен на тенковите беше видена во Русија на автомобилите на луѓето, насликана со спреј на згради, печатена на маици што се продаваат во продавниците за сувенири во руските градови, па дури и на социјалните мрежи на поддржувачите на војната. Оваа буква за брзо стана карактеристичен и застрашувачки симбол на поддршка за руската инвазија на Украина.
Аналитичарите и воените експерти прво ја забележаа мистериозната буква во форма на Z, рачно исцртана на руските тенкови и воени камиони насобрани на украинската граница на 19 февруари 2022 година, што доведе до широки шпекулации меѓу западните експерти за тоа што значи таа буква.
Но, што означува оваа буква?
Откако беше забележана дека се употребува масовно, експертите започнаа да се прашуваат и да анализираат што таа означува. Меѓутоа, ниту една од теориите не е ја вклучува онаа спомнатата во објавата на социјалната мрежа Фејсбук што е предмет на оваа рецензија. Буквата Z нема апсолутно никаква поврзаност со симболите на православната религија, ниту со светото тројство. Ваква теорија никогаш не е споделена во јавноста, ниту пак, кој било од руска страна некогаш ја споделил како вистинита. Исто така, сосема е неточно тврдењето дека „Z” е древен православен христијански симбол. Нема никаков податок дека во православното христијанство оваа буква, на латиница, има некакво значение.
Најпопуларната теорија за буквата „Z“, според воените е експерти е дека буквите се напишани според соодветните области каде што обично се стационирани руските трупи, со тоа што Z потенцијално би значело Запад.
Други веруваат дека буквите се исцртани во обид да се избегне непријателски оган, додека некои руски воени про-Кремљ експерти шпекулираат дека буквата Z го означува името на украинскиот претседател Володимир Зеленски, а буквата V за Владимир Путин.
Но, најверојатната теорија за оваа буква е објаснувањето што го даде самото руско министерство за одбрана кое не коментираше ниту една од теориите и наместо тоа, после низата шпекулации, на својот канал на Инстаграм објави дека Z означува „За победу“ („за победа“), а V „моќта на вистината“.
Други објави на руското министерство за одбрана користат фрази како „за мир“, „за вистина“, сите почнуваат со истиот знак „З“. Други го користат „з“ во средината на зборот „демилитаризација“ и „деназификација“ – едни од причините што рускиот претседател ги наведе како оправдување за инвазијата на Украина.
Буквата „З“ напишана на латиница односно „Z“, нема никаква врска со православната религија. Таа нема никакво значење во религијата, ниту пак, е поврзана со светото тројство. Затоа оваа објава ја оценуваме како невистинита.